Opel Corsa GSi ја заменува Corsa OPC
Триесеттина години од појавувањето на првата Corsa GSi, Opel го враќа легендарното име
Објавено на 22 март 2018 година
Кога минатата година Opel ја врати легендарната ознака GSi на својата голема лимузина, беше јасно дека е само прашање на време кога ќе бидат претставени и другите модели со таа ознака. Прва на ред дојде Corsa GSi, која сега и официјално е најавена. Враќањето на ознаката која при крајот на осумдесеттите и во текот на деведесеттите години ја носеа спортските верзии на моделите на Opel автоматски значи и гасење на моделот со ознаката OPC. Всушност надградување затоа што Corsa GSi ќе наследи многу што од својата OPC верзија. За жал, засега информации за погонската група нема, ниту пак за перформансите во кои не треба да се сомневаме. На фотографиите ги гледаме новите спортски браници и маска, како и големите алуминиумски тркала, а од Опел ни кажаа дека Corsa GSi внатре сериски ќе има спортски Recaro седишта.
Opel Corsa GSi ќе биде достапна од летово, само во верзија со три врати.