Opel Corsa, шеста генерација » Сега и официјално

Сега и официјално

Прво на пазарот ќе пристигне електричната верзија на Corsa, а потоа бензинците и дизелот

Објавено на 24 мај 2019 година

Дојде време Opel и официјално да ја претстави Corsa и на увид ни ги даде првите детали за неа. А тие, согласно времето во кое живееме, се однесуваат за електричната верзија. Наречена е Corsa-e и има идентичен погонскиот склоп од својот технички брат-близнак од PSA групацијата, Peugeot e-208. Тој располага со максимални 136 KS и 260 Nm, кои ќе ја направат доста агилна – Opel наведува дека за спринт од нула до сто километри на час ѝ требаат само 8,1 секунда. Автономијата од 330 km според WLTP нормите ја прави прикладна за секојдневно користење. Батеријата од 50 kWh која за 30 минути може да се наполни до 80% капацитет има гаранција од осум години.

Првите нарачки за шестата генерација на својот бестселер Opel ќе започне да ги прим за неколку недели – на почетокот само за електричната, а потоа и за верзиите со конвенционални мотори.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER