Рестилизираната верзија на Opel Combo се засили со електро мотор на задната оска
Иако Opel во понудата на комерцијални возила има електрични и хидрогенски, ја проширува гама со 4х4 погон на иновативен начин. Во соработка со францускиот специјалист Dangel, Combo со 1,5 литрен турбо-дизел мотор и 130 КС, доби електромотор на задната оска и така стана модел со погон на сите тркла. Предните тркала се справуваат со должностите на погон на согорување каде е вклучена и осум степена автоматска трансмисија, додека електричен мотор од 21 kW се грижи за задната оска кога е потребна дополнителна влечна сила. Позади е сместена и батеријата од 48 волти со капацитет од 4,8 kWh. Електронската контролна единица автоматски го вклучува е-моторот кога ќе открие губење на тракцијата, работејќи во тандем со рекалибриран ESP систем. Возачите исто така можат рачно да избираат помеѓу два режима (автоматски и низок) приспособувајќи го вртежниот момент на задната оска за да одговара на различни услови, а нема никаква механичка врска помеѓу оските. Ова решение ќе биде аплицирано и на останатите сестрински модели од групацијата Stellantis, а конверзијата чини 9.250 евра пред оданочување.