Opel – Astra L

насловна Поглед во иднината

Доаѓа новата ѕвезда!

Новата Astra ќе ги понесе сите новини на куќата

објавено 09. јуни 2021

Opel веќе ги објави првите детали за следната генерација на Astra. Популарниот компакт од Руселсхајм е развиен од нула, поставен е на нова платформа и ќе биде лансиран во текот на годинава.

Повеќе од јасно е дека ќе има и електрифицирана верзија, но каква допрва треба да се одлучи. Дизајнот се базира на новата линија каде доминира предниот дел наречен „Визор“.

Дигиталниот кокпит е дел од дизајнерскиот смер во кого системот Pure Panel беспрекорно обединува два дисплеи со широк екран под целосно застаклената, хоризонтално растегната површина.

 

Контролните копчиња се ревидирани и сведени на минимум, управувачот доби нов изглед. Првиот човек на Opel, Мајкл Лохшелер е убеден дека новата Astra ќе биде силен столб на продажбата и дека ќе освои многу нови клиенти за марката.