Opel Astra – CVT

Вести

Во име на економичноста

По неуспешниот обид со Vectra C, Opel повторно ја воведува без степената трансмисија

објавено 01 октомври 2020

Opel направи преседан во европската автомобилската индустрија воведувајќи без степена трансмисија за хечбек и караванската верзија на Astra. Досега овој тип менувачи беше присутен кај јапонските и американските модели и е широко применет кај хибридните и спортско-корисните возила. Тој е критикуван поради гласното работење при забрзување додека значајно ја зголемува штедливоста. Без степениот менувач или по познат по кратенката CVT (континуирана варијабилна трансмисија) влезе во понудата на Opel со цел да ги намали емисијата на штетни издувни гасови во што досега е постигнато редуцирање од 21% во однос на претходната генерација. Пет од седумте понудени комбинации на погонски систем ја намалуваат магичната марка од 100 грама за емисии на СО2 на изминат километар. Има уште една причина за воведувањето на овој тип менувач. Автомобилите со мала тежина и моторите што произведуваат максимален вртежен момент од 230-300 Nm се најпогодни за без степена трансмисија. Со 236 Nm вртежен момент и вкупна тежина од 1.350 kg изведбата на Astra со 1.4 литарски турбо мотор со директно впрскување на горивото, како што тврдат од Opel, е идеална комбинација за CVT менувач бидејќи бележи потрошувачка од 5,1 литар во комбинирани услови на возење.