Црвена точка за руселсхајмската ѕвезда
Астра се закити со уште едно признание, овој пат за продукт дизајн
Наградите не се ништо ново во портфолиото на новата Opel Astra, но кога ќе се добие „Црвена точка“ тоа е повод за посебно славје. Веќе шест децении Red Dot е синоним за признание за иновативен дизајн, остварувања во комуникацијата, концептот на претставување и дизајнот на производите.
Жирито е составено од светски признати стучњаци за дизајн, маркетинг и пласирање на продукти, па ова признание има посебна „тежина“ за секој производ пласиран на пазарот. Руселсхајмската ѕвезда покажа и докажа дека корпоративно зададените норми можат да се издигнат на индивидуален и препознатлив начин. Стручното жири составено од 43 експерти оваа година Opel Astra и ја доделија наградата Red Dot 2023 во категоријата „Product Design“.
Оваa награда се приклучува во широката листа на признанија на Astra. Меѓу другото овој автомобил веќе ја освои наградата „Златен управувач 2022“, беше прогласен и за „Семеен автомобил за 2022“, а независното стручно жири на „German Car Awards“ (GCOTY) ја изгласа Astra за „Германски компактен автомобил за 2023“. На ова одличје допринос дадоа сите потребни информации и корисни опции за работа, но возачот да не биде оптоварен со излишни податоци или функции.
Pure Panel постигнува оптимален баланс помеѓу дигитализацијата и интуитивното работење. Во комбинација со ергономијата на која во целост и допринесуваат висококвалитетните и прецизно дизајнираните ергономски активни седишта со сертификат AGR, Astra овозможува модерна атмосфера со добро чувство – внатре и надвор.
Ние повеќе пати сме биле сведоци на ергономијата во внатрешноста на руселсхајмската ѕвезда која ги дели многуте технички основи со останатите модели од сегментот „Ц“ на групацијата Stellantis, но се истакнува со својата индивидуалност и возните својства. Честитки за Astra која повеќе децении, во сите свои генерации, ја следи и доследноста и определбата на Opel за конструктор на возила шт се посветени на возачите, возачките ентузијасти и перформансите со акцент на ергономијата, возните својства и екологијата.


