Одбројување пред лансирање
Сé уште во фаза на одвојување од Volvo и со фабрика која се гради, Polestar ги зголеми своите амбиции
Објавено на 20 февруари 2018 година
Според зборовите на шефот на Polestar Томас Ингенлат, првичните планови за производство од 500 возила годишно ќе бидат двојно зголемени. Тој истакна дека досега повеќе од 5.000 луѓе изразиле интерес за ова прекрасното купе иако почетокот на испораките се очекува дури на средината на идната 2019 година. Не му е позната ни цената, која се проценува дека ќе изнесува меѓу 130 и 150 илјади евра. Преднарачките за него ќе започнат да се примаат по салонот во Женева, исклучиво преку интернет. Интересно е и тоа што возилото практично нема да се продава, туку сопствениците ќе се претплатуваат на него на две и тригодишен период на користење.
Polestar 1 како што му е ознаката, е plug-in хибриден автомобил со 600 коњски сили и електрична автономија од 150 километри. Направен е на основа на Volvo S90, но со значително поинаков дизајн кој дискретно потсетува на шведската Concept Coupe студија од 2013 година. Со голема количина јагленородни влакна употребени во конструкцијата, дели само околу половина од деловите со донаторот. Должината му изнесува 4,5 метри, а ќе биде опремен и со електронски контролирано ослонување кое константно ќе се прилагодува на условите на патот. Polestar планира проширување на понудата уште со компактен седан и кросовер, кои ќе бидат означени со броевите 2 и 3. Новите модели кои ќе се појават после 2020 година нема да бидат хибридни туку електрични. За нив ќе се гради уште една фабрика, со капацитет од 50.000 возила годишно.