Одбројуваме од 30 па назад…
Објавено на 15 мај 2018 година
Тоа замагленото што го гледате во позадината е новиот BMW 8 Coupe, кој ќе биде претставен точно за еден месец за време на тркачкиот викенд 24 часа Леман. Навистина, има ли подобро место од тоа за претставување на еден ваков новитет? Можеби има, но нам не ни паѓа на памет, посебно не кога во прв план на оваа фотографија го гледаме тркачкиот M8 GTE кој оваа сезона се натпреварува токму таму – во Леман серијата на трките на издржливост. Што се однесува до серискиот модел, BMW засега ги соопшти само деталите за M850i xDrive верзијата, задвижувана од V8 мотор со 530 коњи. Има и 8-степен Steptronic менувач, xDrive погон на сите четири тркала, управување на двете оски, адаптивно M-ослонување, тркала од 20 инчи… Но, да оставиме нешто и за наредните 30 дена!