Ford Mustang Bullitt :: Одбележани 50 години од легендата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Одбележани 50 години од легендата

За најзначајниот европски салон на автомобилите Ford одбра американска икона
Објавено на 6 март 2018 година

Како централен акцент на својот настап на салонот на автомобилите во Женева Ford го избра специјалното издание на Mustang креирано за одбележување на 50-годишнината од филмот Bullitt. Публиката тука генерално не е толку стара но без разлика на тоа ја почитуваат легендата што зелениот Mustang ја претставува. Тој своето реноме го стекна со помош на Стив МекКвин во скоро 10-минутната бркотница низ Сан Франциско овозможена од моќната механика на Mustang. И неговата модерна реинкарнација се гордее со тоа – во својата европска верзија петлитарскиот V8 мотор испорачува 464 коњски сили. Неговите перформанси Ford засега ги задржа во тајност, објавувајќи дека тие ќе се кротат со полуактивното ослонување и Brembo сопирачки. Од стандардната изведба овој Mustang се разликува по бројни суптилни детали меѓу кои 19-инчните тркала, црниот кожен амбиент со зелени инсерти и Recaro спортските седишта. Производството за европскиот пазар ќе започне во јуни, а секој Mustang Bullitt ќе има индивидуално означена плочка на совозачката страна.

Ford Mustang Bullitt

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER