Toyota Century :: Новитет кој изгледа како да го промашил векот

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Новитет кој изгледа како да го промашил векот

Меѓу бескрајните специфичности кои владеат на јапонскиот автомобилски пазар е и постоењето на вакви модели
Објавено на 6 ноември 2017 година

Toyota Century е наменет е за државници и видни личности кои својот статус во општеството го покажуваат и на овој начин. Меѓу нив се и членовите на јапонското царско семејство, што ги наложува конзервативноста во дизајнот и префинетоста во изработката. А таа пак е подигната на ниво на уметност. Луксузот е императив, но со еден исклучок – седиштата се обложени со волна а не со кожа. Таа имено знае да шкрипи кога се седнува на неа, а во Јапонија тишината е доста ценета. Затоа и во новиот модел посебно внимание е посветено на врвната звучна изолација. За бесшумното возење ќе придонесува и хибридно облагородениот петлитарски V8 мотор, за кој не се објавени техничките податоци. Toyota CenturyИ покрај впечатокот што го остава, во овој јапонски Rolls-Royce се среќаваат многу модерни технологии. Дел од опремата меѓу другото се и адаптивните ЛЕД светла и бројните безбедносни системи. На патниците назад на располагање им се седишта кои се подесуваат во безброј насоки и имаат функција за масажа, како и мултимедијален систем со 20 звучници. Должината од 5,3 метри и меѓуоскиното растојание од 3,09 метри им обезбедуваат и огромен простор.

Toyota Century се произведува од 1967 година, а верзијата претставена на салонот во Токио е негова трета генерација. Со оглед на сé овој модел и не е така скап – неговата цена изнесува стотина илјади долари. Куриозитет е и тоа што на него никаде не се среќава логото на Toyota.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER