Новата Лада Нива во 2018-та
Руски дизајнер си поигра со (не)трпението на милиони
Објавено на 28 декември 2017 година
После години одложување, наследникот на легендарната Лада Нива треба да се појави наредната 2018-та. Информацијата не е нова, но сепак кога и да се слушне одново покренува лавина реакции. Овој пат неа ја предизвика еден руски дизајнер кој го сподели своето видување на идната Нива со остатокот од светот. А тој веднаш одговори со еден куп информации, повеќето шпекулации, меѓу кои најмногу се истакнува онаа дека таа ќе биде поставена на платформата на Duster, но со мотор од АвтоВАЗ. Како причини за ваквиот избор се споменуваат докажаната издржливост но и задржувањето на прифатливо ниво на цената која сега изнесува 548.900 рубљи, односно 8.000 евра. Конструкторите на Лада интензивно работат на подобро ослонување и нови системи за сопирање и управување. Изолацијата на кабината треба да биде далеку подобра, како и опременоста – се споменуваат воздушни перничиња, клима уред, електрични ретровизори, загревање на предните седишта…
Последните информации од фабриката кои се малку застарени велеа дека производството на новиот модел 4×4 како што официјално се вика Лада Нива требаше да започне пред крајот на оваа година, како и дека во продажните салони требаше да се најде напролет 2018-та.