Норвешка е голем производител на нафта но уште поголем купувач на електрични возила
Со своите идеи за зачувување на чистотата на човековата околина, Норвешка убедливо предводи во електрификацијата на патниот транспорт. Така, учеството на новорегистрираните електрични возила во јули достигна дури 97,2 отсто што е најмногу досега. Или поинаку кажано, во јули во оваа скандинавска земја од вкупно пласираните 9.563 возила само 272 не се електрични, од кои 93 се плаг-ин бензински, 8 плаг-ин дизели, 60 бензински хибридни, 25 обични бензински и 86 дизел – сите преостанати 9.219 се на струја.
Најмногу од нив, вкупно 1.116 односно 11,7% од целокупниот пазар се на Volkswagen. Со продажбата на 888 односно 885 возила Volvo и Škoda имаат идентично учество од 9,3% а следи Tesla со 838 регистрации односно 8,8% од пазарот. Поредени според популарноста понатаму се MG (551 возило, 5,8%), BMW (532 ,5,6%), Ford (463, 4,8%), BYD (462, 4,8%), Mercedes (404, 4,2%) и Toyota (390, 4,1%). По модели најдобро продаван е Tesla Model Y со 715 освоени купувачи, далеку пред Škoda Enyaq со 574 продажби. Следат Volkswagen ID.4 (408 продадени возила), BYD Sealion 7 (380), Volvo EX40 (310), Volkswagen ID.7 (295), Toyota bZ4X (292), Volvo EX90 (285), Volkswagen ID.3 (257) и Ford Explorer (255).
Вкупно од почетокот на годинава во Норвешка се продадени 85.079 возила од кои 80.040 односно 94,1 отсто се електрични.


