Во Норвешка скоро 90% од возилата продадени минатата година биле електрични

Норвешкиот совет за информации за патниот сообраќај (OFV) откри дека минатата година во земјата биле купени 128.691 нови возила од кои 114.400 биле електрични. Тоа е скоро 89% и земјата е блиску до постигнување на целта сите нови патнички возила да бидат со нулта емисија до 2025 година. Интересно е тоа што клиентите кои не се одлучиле за ЕВ сепак купуваат еколошки погони. 5,3% од возилата продадени во Норвешка минатата година биле хибридни, додека приближно 2,7% беа со приклучен хибрид. Во извештајот се наведува во текот на 2024 година купени се само 986 ​​возила напојувани исклучиво од бензин. Tesla Model Y беше најпродаваното возило во Норвешка со 16.858 единици, што претставува нешто повеќе од 13% од целиот пазар. Кинеските брендови заземаа речиси 10% од ланската продажба на нови автомобили.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER