Nordschleife – Pole Position

Занимливости

Реткотo може да биде евтино!

Нурбургринг не  е само предизвик за натпреварувачите, туку и за часовникарите!

објавено 20. јули 2021

Трките и часовниците се нераздвоен тандем. Без механизмите што прецизно го мерат времето автомобилските натпревари не би го имале значењето ниту предизвикот што е елементарен дел од секоја трка. Токму поради тоа часовникарите се искушуваат себеси да направат што попрецизен механизам што мери илјадитинки од секундата, а во едно, и да избегаат од клишето наречено 2 х 12 часа. Сега, благодарение на анонимната марка Nordschleife 1927, во оптек влегува часовник што на сказалките за да свртат еден круг околу бројчаникот им треба цели 24 часа! Рака на срце механизмот е кварцен сместен во предизвикувачко куќиште од 43 милиметри достапно во две изведби.

Nordschleife 1927 24 часовниот часовник има црн бројчаник и може да се нарача. Во него швајцарскиот механизам го покажува секој час на деноноќието, па положбата на стрелките може лесно да ги збуни лаиците. Ваквите механизми досега беа резервирани за престижните и не разумно скапи производи на часовникарите, а сега, благодарение на германскиот производ што се продава преку американска компанија е достапен на сите! Буквално за сите, бидејќи верзијата со метално куќиште Pole Position чини 119 додека офарбаната со матирана црна боја Speedblack Edition чини 129 евра. Овој часовник се продава исклучиво преку интернет.