Зима е, па што?!
Nokian Tyres во својата зимска палета воведува нови револуционерни пневматици
Објавено на 9 јануари 2018 година
Nokian Hakkapeliitta R3, Hakkapeliitta R3 SUV, WR SUV 4 и WR G4 – тоа се четирите нови семејства зимски пневматици со чие воведување се шири палетата на сестрани и висококвалитетни пневматици на најсеверниот светски производител. Главни пазари за новата генерација на моделот Hakkapeliitta R3 без спајкови и Hakkapeliitta R3 SUV за спортско-теренските возила се нордиските земји, Русија и Северна Америка. Овие нови производи ќе дадат поддршка на сегментот зимски пневматици и на другите пазари како Кина, Јапонија и Украина. Nokian Hakkapeliitta е специјален производ наменет за тешки зимски услови. „Новите зимски пневматици се вистински избор за оние кои ги ценат единствената удобност во возењето, безбедноста и екологијата“, изјави Петри Ниеми, шефот на одделението за производи и ценовна политика на компанијата Nokian Tyres. „Следните зими нашата палета зимски пневматици Hakkapeliitta ќе биде конкурентна како никогаш порано, бидејќи на новиот производ за ова зимска сезона – пневматикот Hakkapeliitta 9 кој е победник на повеќе тестови, ќе се придружат и пневматиците Hakkapeliitta без спајкови“, додаде тој.
Покрај овие, Nokian Tyres ги воведува и потполно новите пневматици WR SUV 4 и WR G4 на за финската компанија важните растечки пазари во Централна Европа и Северна Америка. Nokian WR SUV 4 е пневматик за СУВ возилата наменет за променливите зимски услови во земјите од Централна Европа. Неговата извонредна управливост овозможува спокојно возење дури и при поголеми брзини. Во Северна Америка Nokian Tyres е пионер во популарниот сегмент на производи за сите годишни времиња. Балансираното управување и сигурното прилепување на новиот пневматик WR G4 наменет за патнички автомобили овозможува безбедно возење преку целата година и во сите услови – од снежните бури до ужарениот асфалт.
Првите испораки на новите производи ќе започнат напролет годинава, а сеопфатен и современ избор на величини на купувачите ќе им биде достапен од есен, пред почетокот на зимската сезона.