Nokian Tyres – Намалување на бучавата

Занимливости насловна

Зимските потивки од летните пневматици!

Постојат два вида бучава произведена од пневматици а се декларира само еден!

објавено 28. септември 2021

Нивото на бучава е еден од клучните фактори кои влијаат на удобноста при возењето. Со зголемената популарност на тивките електрични автомобили, се повеќе фокусот се насочува кон бучавата што ја создаваат пневматиците. Надворешниот шум од тркалање и бучавата во кабината се две различни работи, но и двете можете да ги намалите доколку ги одржувате пневматиците во добра состојба. Кога се купуваат нови пневматици, тешко е да се знае која од достапните опции ќе биде најтивка на нивните возила.

Бучавата генерирана од нив е под влијание на неколку фактори, како што се моделот и видот на возилото, тркалата, составот на пневматикот, патот, брзината на возење, па дури и временските услови. Постојат разлики дури и помеѓу слични автомобили, поради што точната споредба е можна само во ситуации кога истиот автомобил се користи под идентични услови. Истражувањата што ги направи Nokian Tyres покажаа дека пневматиците со висок профил генерално се поудобни и потивки за возење отколку алтернативите со низок профил.

Она што го слушаме во возилото е комбинација од многу работи. Бучавата доаѓа од контактот на пневматикот со патот, а грубоста на патот предизвикува вибрации додека се движи по неа. Вибрациите патуваат низ пневматикот и се пренесуваат на тркалото и другите компоненти на возилото додека не стигнат до патничкиот простор, каде што дел од вибрациите се претвораат во нагласен звук. Различни својства се применети  за производи наменети за различни пазари. Зимските гуми од Централна Европа се потивки од летните. Нордиските зимски гуми обично се најтивки поради дополнителната дебелина на шарата и уште помекото соединение од гумите од Централна Европа. Карактеристиките на внатрешната бучава предизвикана од тркалање на гумите се чувствува кога автомобилот се движи со брзина од 50-100 км/ч. Дизајнот на гумите секогаш значи пронаоѓање на најдобар можен компромис. Промената на една карактеристика ќе предизвика промени кај другите. Бидејќи сезоната на менување пневматици е пред нас, возачите треба да знаат дека звукот што го создава новиот профил е различен од оние што имаат помала длабочина на шарата, па од таму доаѓа поинаков шум. Корекцијата на притисокот во гумите, исто така, може да влијае на бучавата.