Nokian Tyres ја отвора првата фабрика во САД
Нордискиот производител на пневматици ќе прави милиони единици во еден од најсовремените погони во светот
Објавено на 4 октомври 2019 година
Nokian Tyres официјално го одбележа отворањето на својот северноамерикански производствен погон во Дејтона во Тенеси. Комплексот се простира на 77.000 квадратни метри и претставува еден од најнапредните погони за производство на пневматици во целата индустрија. Компанијата своите вредности за безбедноста и одржливоста ќе ги насочи во производството на околу четири милиони пневматици годишно кога оваа фабрика ќе достигне максимален капацитет. Во првата фаза ќе бидат вработени 400 работници. Фабриката во моментов е во пробно производство и ќе биде подготвена за комерцијално производство на пневматици на почетокот на 2020 година.
Неодамна компанијата Nokian Tyres си постави цел во наредните пет години да ја удвои продажбата во Северна Америка. „Свеченото отворање на фабриката во Дејтона претставува клучен момент во нашето патување кон растот“, вели претседателката и генерален директор на Nokian Tyres Хиле Корхонен. „Нашиот вреден мултинационален тим ја оствари визијата на нашата компанија со неуморна тимска работа и сакаме да го прославиме тоа нивно достигнување. Северноамериканската фабрика ќе воспостави однос на врвен квалитет со нашите клиенти произведувајќи безбедни и одржливи производи ускладени со потребите на северноамериканските корисници“.
Основана и базирана во Финска, компанијата Nokian Tyres која ги измисли зимските и универзалните пневматици, продолжи во останатите погони во Финска и Русија да произведува врвни производи во сите главни сегменти на патничките автомобили, вклучувајќи го и пазарот на универзални пневматици. Со фабриката во Дејтона компанијата има намера да ја пополни празнината во растечкиот северноамерикански пазар и да ја искористи приликата во сегментите на пневматици за сите временски услови и сите годишни времиња. Новата фабрика во Дејтона е резултат на даночната соработка меѓу менаџментот во Северна Америка, стручњаците од Финска и Русија, градежните работници, инсталаторите на опрема и првата група ентузијастички локални работници кои сакаат да прават некои од најбезбедните и најодржливи пневматици на континентот.
Nokian Tyres ќе ги задржи строгите стандарди за одржливост и во оваа фабрика, со цел намалување на отпадот и испуштањето на штетни гасови на минимум. На паркиралиштето ќе бидат вградени соларни колектори, а компанијата ќе го рециклира вишокот материјал кој се создава во производството. Соларниот парк на паркиралиштето ќе произведува 3 MW струја која ќе се користи за оптимизација на фабриката. Компанијата во септември трета година по ред е сместена во индексот на одржливост Dow Jones, во кој се наоѓаат само 10% од најодржливите компании во светот. Оваа еколошка фабрика ќе произведува опсежна палета на универзални пневматици кои ќе ги задоволуваат потребите на потрошувачите и растечката побарувачка за такви производи. Исто така, ќе овозможи на компанијата своите производи поефикасно да ги испорачува на потрошувачите. Новата фабрика на компанијата Nokian Tyres ќе и помогне да ја усклади својата глобална производствена мрежа со побарувачката на корисниците во другите региони, ослободувајќи капацитети за производство на артикли прилагодени на конкретните пазари и унапредување на одговорот према барањата на купувачите.