Усовршување на одличното
Подбрувањата направени во новата генерација на Hakkapeliitta за безгрижно возење во зимо
Финскиот експерт за пневматици во средина на зимската сезона ја претстави новата генерација пневматици наменети за силни зими. На познавачите на оваа проблематика јасно им е дека линијата Hakkapeliitta е една од најдобрите на планетава за поларни услови на возење, па нормално е дека фокусот на развој беше токму во овој смер. Тоа значи дека најголемиот дел од продажбата ќе биде сконцентриран на Скандинавија, Русија, САД и Канада, земји каде зимската сезона е долга и сурова.

R5 е наменет за патнички и спортско-корисни возила и во него е содржано сето знаење што го има авторот на првите зимски пневматици. Со ново дизајнираната нагазна површина зголемено е припојувањето на замрзната подлога, комфорот во возењето и еколошките карактеристики. Nokian Hakkapeliitta R5 има структура сочинета со двојни асиметрично поставени блокови задолжени за максимален можен контакт на клизавите зимски коловози. Самата структура на шарата на пневматикот е помешана со микроскопски кристали (Arctic Grip) од третата генерација. Тие функционираат како шилци формирајќи остри и цврсти рабови во рељефот на нагазната површина што дава дополнителна сигурност во контактот со подлогата. За прецизно и предвидлуво управување се задолжени се 3D Lock ламелите додека за економијата се грижи малиот отпор при тркалање обезбеден е преку голем процент на употреба на природна гума со што смесата останува флексибилна во сите услови. За намалување на бучавоста додаден е слој на акустичка пена, куриозитет овозможен само во изданието. За големата отпорност и издржливост гарантира бочниот ѕид на пневматикот изработен од арамид. Истиот материјал се користи во воената и воздухопловната индустрија поради својата издржливост.
За корисниците на спортско-корисни возила направена е линијата SUV во која структурата ја засилуваат арамидните влакна со што пневматикот станува далеку по отпорен на дупчење, удари и притисоци врз бочните ѕидови пневматикот од самото тркало, чести појави при користење на возилото на теренски услови. Hakkapeliitta R5 на пазарот, според увозникот за програмата Nokian за Македонија Мотоцентар, ќе се појави пред идната зимска сезона во вкупно 160 варијации со дијаметар од 14 до 22 инчи во брзински категортии од 160 до 190 км/ч. За повеќе информации посетете ја нивната страница www.motocentar.com.mk











