Nissan Tekton – индискиот брат на Duster

Nissan подготви нов SUV за Индија

Tekton можеби ќе биде нов за Индијците, но нам ќе ни биде добро познат – тој не е ништо друго освен малку преобликуван Dacia Duster. Формулата не е нова за Nissan – тој во најбројната земја во светот и државите на поранешниот Советски сојуз ја продаваше првата генерација на романскиот теренец како Terrano.

Од приложените фотографии кои Nissan ги објави само три не можат во целост да се забележат дизајнерските измени но сепак е воочлив поинаквиот пристап – Tekton изгледа доста помодерно и атрактивно посебно на предниот дел каде потсетува на Patrol. Привлекува внимание со светлосниот потпис и тенката ЛЕД лента која над истакнатата маска ги спојува светлата а робусниот впечаток го засилува масивниот браник.

Иако тоа добро не се забележува, сличноста со Dacia Duster ќе биде воочлива од страна, посебно по изразено обликуваните крила и мускулестите линии на силуетата. Малку и од назад иако задниот дел претрпе видни измени со поостро обликувани светла. Внатрешноста не покажана што упатува на тоа дека нема да има големи разлики од оригиналот. За механиката ќе дознаеме идната година кога овој модел ќе започне да се продава, освен во Индија каде ќе се произведува и во некои други одбрани земји.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER