По две години пауза, Nissan Micra се враќа на пазарот
Радикално различен, малиот автомобил ќе ги освојува купувачите со симпатичниот изглед и еколошкиот призвук. Планиран за лансирање следниот месец јапонскиот производител ги објави цените на новиот електричен адут, засега само во пар европски земји. Ориентирот секако беше Renault 5 на чија механика Micra е базирана па така во Велика Британија ќе чини 22.995 фунти а во Белгија 29.250 евра.
Ќе доаѓа во две верзии, со 120 и 150 коњски сили и батерии од 40 односно 52 kWh кои ќе овозможат автономија од 319 и 419 километри. На располагање ќе бидат три пакети опрема. Фабричката гаранција ако возилото редовно се одржува во овластената мрежа може да се продолжи на 10 години или 200.000 km додека батериите се покриени 8 години или 160.000 km.
Оваа шеста генерација на Micra се произведува во фабрикат ана Renault во Дуе во Франција. Повеќе за новата Nissan Micra може да прочитате тука.



