Nissan Elgrand (видео)

Изгледа како вселенски брод

Nissan испушти шанса да покаже дека во него има уште многу живот и енергија да се справи со иднината – додека другите на своите штандови на салонот на автомобилите во Токио кој од пред некое време се организира под називот Japan Mobility Show излегоа со бројни концепти, некои футуристички некои блиски до сериското производство, проблематичната марка имаше само една премиера.

Новиот Elgrand од четвртата генерација има дизајн инспириран од концептот Hyper Tourer од 2023-та година и изгледа далеку помодерно од актуелниот модел. Со оглед на големината внатрешноста е навистина пространа и исполнета со дoза луксуз и многу технологии.

За погон ќе се грижи хибридниот e-Power систем од третата генерација кој вклучува 1,5 литарски турбо бензински мотор, електромотор и погон на сите четири тркала. Деталните спецификации не се објавени а на пазарот ќе пристигне идната година.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER