Nissan – Ambition 2030

Подготовки за иднината

Во рамките на својот развоен план Nissan има намера сите електрични возила што ќе ги произведе да имаат цврсти батерии од сопствено производство

Долгорочната визија Nissan Ambition 2030 опфаќа темелни подготовки. На изглед 2030 година уште е далеку, но Јапонците не мислат така. За да го исполнат замисленото почнаа со пилот програми од чии искуства ќе се организира производството на идните модели. Определбата е до 2028 година Nissan да достигне автономно производство на БЕВ. Истата година ќе биде претставен нов модел кои ќе имаат батерии направени во својата фабрика за производство на прототипови на цврсти батерии што се поефикасни од денешните литиум-јонски. Почетокот на пилот производството е закажано за две години во фабриката во Јокохама во која ќе се проучуваат материјалите, дизајнот и производствените процеси. Nissan верува дека торшоците на производство на модели со цврсти батерии ќе се изедначи со оние на возилата што користат фосилни горива. Ако ова се оствари тогаш оваа технологија може да стане пресвртница во популарноста на БЕВ.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER