NIO – ES8 и ЕС7

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Се чека скок во Европа…

Nio ги претстави своите нови електрични теренци

Бранот новитети на електрични возила од Кина не стивнува. Штотуку претставените спортско корисни возила NIO EC7 и ES8 ќе се нудат само во Кина, каде што испораките треба да започнат во мај. Сепак амбициите се многу поголеми од задоволување на домашниот пазар па затоа компанијата будно го следи пазарот во Европа за да не го пропушти вистинското време за влез во арената.

Познато е дека на нишан им се вкупно 25 пазари. Новите Nio ES8 и Nio EC7 треба да импресионираат со вештачка интелигенција, многу сензори и особено со перформансите. Комбинацијата на асинхрон мотор од 300 kW и мотор со постојан магнет од 180 kW гарантира дека EC7 забрзува до 100 km/h за 3,8 секунди. Со коефициент на отпор од само 0,23, EC7 нуди најдобра аеродинамика во својата класа и прилагодлив заден спојлер.

Водечкиот модел е ES8, теренец со шест седишта. Има два мотори со вкупна моќност од 480 kW кои обезбедуваат спринт од 0 до 100 km/h за 4,1 секунди. Двата модели се забележливи по нивното особено високо ниво на технички карактеристики, како што е совозачкото седиште со автоматско подигање перници за „положба на нулта гравитација“ или панорамски покрив со пет прилагодливи нивоа на пренос на светлина.

Значајна новост е што Nio воведе можност за ултра брзо полнење од 500 kW. Потребни се само 20 минути за полнење на батеријата од 100 kWh од 10 проценти на 80 проценти. Дали овие два модели ќе се придружат на веќе во Европа пристигнатите ЕТ5, ЕТ7 и EL7 сé уште не е дефинирано, но знаејќи ја агресивната експанзионистичка политика на овој производител не треба да нѐ зачуди годинава NIO да има во понудата пет модели на Стариот континент.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER