Nio Phone е паметен телефон од висока класа дизајниран со сродни функции на електричните возила на марката
Кинеската премиум марка на електрични возила Nio го лансира Nio Phone, првиот паметен телефон со специфична употреба за сопствениците на возила од овој бренд кој има и одредено ниво на автономно возење. Возачот на Nio може да го користи телефонот и за да го извести својот автомобил да дојде до неговата локација и да го отклучи автомобилот дури и кога телефонот е исклучен.
Извршниот директор Вилијам Ли рече дека Nio Phone има повеќе од 30 функции специфични за автомобилот и дека го пробил новиот терен со технологиите за поврзување. Достапни се три модели, со цена од околу 800 до 900 евра кои првично ќе се продаваат само во Кина. Техноманите се воодушевени од овој потег, но има и спротивни мислења. Примарниот интерес на Nio за дизајнирање на телефонот веројатно е во собирањето на корисничките податоци, наместо да се обидува да го направи телефонот клучен извор на приходите сметаат некои аналитичари.
Nio е рангиран на 9-то место меѓу производителите на електрични и хибридни автомобили во Кина, двојно ги намалува инвестициите во развивање технологии за клучни компоненти како што се чипови и батерии, но изгради база на обожаватели меѓу своите муштерии во Кина со отворање ексклузивни клубови за членство и нудејќи производи како што е виното со брендот Nio.
Компанијата има тим од 11.000 инженери кои работат на клучните аспекти на паметните ЕВ технологии од чипови до батерии до автономно возење и паметно производство. Nio во првите осум месеци продаде околу 94.350 возила, што претставува зголемување од 32 отсто во однос на претходната година, надминувајќи ја стапката на раст од 20 отсто за продажбата на електрични автомобили во Кина.