Нешто посебно
Кога пикапите се во прашање, Тајланд е нивна втора престолнина – дури и прва според пазарното учество кое достигнува половина од продажбата на нови возила
Објавено на 9 февруари 2018 година
Во Тајланд сите имаа свои фабрики во кои произведуваат пикапи и затоа оваа земја беше изборот на Ford за презентација на новиот Ranger Raptor. Дека е нешто посебно покажува моќната појава добиена со истакнатата маска и агресивните стилски детали. Во однос на стандардната верзија изменет е и браникот на кој е монтирана специјална покривка која го штити подвозјето и намалува отпорот на воздухот. Ослонувањето е засилено, одот на пружините продолжен а клиренсот зголемен на дури 28 сантиметри. На тркалата од 17 инчи се наоѓаат специјално за него развиени груби пневматици, а сопирачки дискови од 332 милиметри се монтирани и напред и назад. За спортското чувство во возењето придонесуваат профилираните седишта и кожениот управувач со црвен репер на врвот. Вистинската заслуга сепак ја има новиот дволитарски погонски агрегат. Тој со помош на два турбо компресора постигнува 213 KS и 500 Nm вртежен момент. Погонот е на сите тркала преку 10-степен автоматски менувач, а перформансите засега не се познати. Наместо нив, Ford посебно ги истакнува теренските способности. На возачот на располагање му се шест режими на возење, од кои четири за беспаќа. Не беше испуштено да се спомене и неговата издржливост како работно возило.
Ford Ranger е дизајниран и развиен во Австралија, а се произведува уште и во Аргентина, Јужна Африка и Нигерија. Од годинава повторно ќе биде понуден и на американскиот пазар, но Raptor верзијата таму најверојатно ќе биде со бензински V6 мотор од новиот Edge ST.