Nash-Healey » Загубен меѓу иднината и минатото

Загубен меѓу иднината и минатото

Објавено на 18 август 2019 година

Во преку 130 години долгата историја на автомобилите многу од нив стекнаа вечна слава, но некои и ја пропуштија. Еден од нив е и спортскиот двосед Nash-Healey, кој е прекрасно олицетворение на меѓународната соработка после втората светска војна. Ретко кој знае дека воопшто постои, но никој не може ја оспори храброста на неговите творци со своите визии да се обидат да ги променат тековите на автомобилската историја. Резултатот беше спектакуларен, но за жал неуспешен.

Nash-Healey настана во 1951 година со заеднички напори на американската компанија Nash Motors на која и требаше имиџ возило и на англискиот инженеринг на стручњаците на Donald Healey. Американски му е моторот кој се праќаше во Англија, каде се произведуваа шасијата и каросеријата. Наредната ’52-ра Pininfarina го редизајнираше и го презеде производството, кое заради високата цена (скоро двојно поголема од Chevrolet Corvette, на пример), беше прекинато во1954 година. Направени беа вкупно 506 примероци, во купе и родстер изведби. На фотографиите е затворената верзија произведувана во Италија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER