NanoFlowcell QUANTiNO 25 – Дали на повидок е нова револуција?

Електрично возило без батерија!

За компанијата nanoFlowcell не сме слушнале ниту збор од 2015-та откако на Саемот во Женева го покажаа концептот QUANTiNO кој беше подготвен за производство.

Од тогаш поминаа седум години во молк, за да изненади најновото соопштение од марката дека планира да започне со производство во САД. Електричните возила развиени од nanoFlowcell се уникатни затоа што не користат батерии.

Наместо тоа, тие користат bi-ION технологија што користи позитивно наелектризиран електролит и негативно наполнет анолит кои се спојуваат во јоно-селективна мембрана, генерирајќи електрична енергија Во соопштението за печатот во кое го најавува својот старт на пазарот во САД, компанијата со седиште во Лондон рече дека има „проектни планови за сериско производство на QUANT Е-моделите, како и изградба на производствен капацитет од големи размери за да обезбеди пренослива обновлива енергија за поттикнување на функционирањето nanoFlowcell“.

За да го одбележи ширењето на брендот во САД, како и неговата 25-годишнина, беше прикажана специјална верзија на QUANTiNO, наречена дваесет и пет. Има каросерија со 2+2 седишта, отстранлив покрив и по еден електричен мотор на секое тркало, што произведува комбинирани 320 КС.

Електролитниот раствор на bi-ION на возилото се чува во два резервоари од 125 литри и со нив може да помине 2.000 км. Најголемиот проблем ќе претставува обезбедувањето на дополнувањето на горивото за која цел ќе треба да се изгради посебна инфраструктура за гориво со решението bi-ION на nanoFlowcell.

Веројатноста овој проект да заживее во догледно време е мала, но може да биде алтернатива на водородните горивни ќелии.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER