Најочекувани утрешни премиери
Одвоивме 5 највозбудливи спортски автомобили кои ќе имаат премиера на салонот на автомобилите во Женева
Објавено на 5 март 2018 година
Иако секогаш помислуваме дека сме го виделе најдоброто, и оваа година на салонот на автомобилите во Женева кој започнува утре ќе ни се претстават повеќе спортски автомобили, кој од кој пожелно очекуван – издвоивме неколку од нив на кои секако треба да се обрне внимание
Rimac Concept Two Новиот хрватски хиперавтомобил на Мате Римац дефинитивно ќе биде една од ѕвездите на Женева која со нетрпение се очекува
Corbellati Missile го плени вниманието со своите скоро нестварни 1.800 KS, дури и без најавата дека наскоро официјално ќе стане најбрз автомобил во светот
Ferrari 488 Pista Новото коњче од Маранело е најнапреден нетркачки Ferrari направен било кога, со многу што преземено од формула 1
Porsche 911 GT3 RS Ова зелено чудовиште нема некои големи измени поврзани со изгледот, но она што го крие под кожата дефинитивно ќе привлече внимание
Toyota Supra Иако концептниот FT-1 е претставен уште во 2014-та, легендарниот јапонски воин ќе го доживее своето повторно раѓање под светлата на рефлекторите во Женева