Moto Guzzi – Лавина новости

Моторцикли Новитети

Витален стогодишник

Славењето на сто годишнината Moto Guzzi го започна на најдобар начин

објавено 14. јануари 2021

2021 година е важнa за Moto Guzzi бидејќи го слави својот 100-ти роденден. Век традиција, страст, забележителен успех, сто години прекрасни мотоцикли и имиџ кои се граделе во Мандело дел Ларио, комбинирајќи ги најдобрите технологии и највредното италијанско производство. Од оснивањето во 1921 година, ова се вредностите од кои не отстапува Moto Guzzi. Почитувајќи ја таквата силна традиција, се роди V85 TT, посветен на авантуристички патувања, во нивната најчиста и најоригинална концепција.

Основните обележја на V85 TT се минимализмот, леснотијата и практичноста, типични за ендуро моторциклите од таа генерација. Подобрувањата се фокусирани на моторот. Трансверзално поставен V2 под агол на цилиндрите од 90 степени е гордост и традиција на ”орелот од Мандело”. Истиот мотор е вграден и во двете V9 верзии кои, за 2021 година, се темелно обновени. Сега има поголем вртежен момент при ниски и средни вртежи благодарение на оптимизираното менаџирање на вентилите. Што се однесува до електронските системи за возење, се приклучуваат два нови режима и тоа спортски и прилагодлив на веќе постојните три уличен, дожд и теренски. Вториот дериват е V85 TT Travel кого  пакетот опрема го прави издвоен со ветробранско стакло, странични панели со голем капацитет за товар, пар дополнителни LED светла и комплет од прилагодливи загревани рачки, како и мултимедијалната платформа Moto Guzzi MIA.

V9 Roamer е универзален лесен и интуитивен модел, убав за покажување и надграден за возење, полн со уникатни детали и извонредни завршетоци. Најмрачната и најноќната душа, пак, се нарекува V9 Bobber, која се карактеризира со широките гуми и минималистичкиот изглед. Двете верзии драстично еволуирале за да ги зголемат удобноста и задоволството во возењето. Најочигледна промена е имплементацијата на новиот мотор од 850 cc, 65 КС и 73 Nm, добиен од агрегатот што го задвижува V85 TT. Како што најавуваат Италијаните, во текот на годинава ќе следат уште многу пријатни изненадувања за љубителите на Moto Guzzi.