Mondial de l’Auto Париз 2024

Салонот на автомобилите во Париз годинава се одржува по 90-ти пат

Во последниве години салоните на автомобилите изгубија голем дел од својот сјај, некои и згаснаа, а Париз е еден од ретките кој успева да ја поврати репутацијата. Можеби не на некогашното ниво, но доволно за да кажеме дека светлината на рефлекторите повторно ќе блесне над новитетите на салонот на автомобилите во градот на светлината. Од денеска па до 20 октомври педесетина производители на автомобили ќе ги пречекуваат посетителите за кои подготвија серија новитети. Дел од нив сé уште се под превезот на тајната, но за оние кои звучно најавени можеме да кажеме дека ќе го привлечат вниманието на јавноста заинтересирана за иднината на автомобилите. Секако, нашата екипа веќе е таму.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER