Пример за упорност
Outlander нема голема продажба во Европа, но е значаен модел за марката
Најавата дека новата генерација на Mitsubishi Outlander пристига во Европа следната година покажува дека работите во алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi се одвиваат според новиот распоред на обврските. Иако Mitsubishi е најниско рангиран според продажбата на групацијата во Европа, сепак ќе има шанса тоа да го смени. Во фокус се САД каде јапонците подобро се котираат и на тамошниот пазар веќе се продава моделот што вгодина ќе се појави на Стариот континент. Новото спортско-корисно возило од сегментот Д во САД има погон на сите тркала, а во Европа ќе доаѓа во изведба со приклучен хибрид. Во изминатите 20 години Outlander забележа продажба од над половина милион возила, а верзијата PHEV повеќе од 200.000 единици од 2013 година. Колку се слични Outlander и новиот Espace од партнерот Renault, наскоро ќе стане очигледно кога Французите официјално ќе го претстават моноволуменот што мутира спортско корисно возило. Воедно, Misubishi најави годинава во понудата ќе го врати Colt, кој е базиран на Renault Clio.