Нано измени за 2021
Изведбите со три и пет врати, како и кабриолетот освежени
објавено 29. јануари 2021
Почетокот на годинава, од која многу се очекува, ”академците” од Оксфорд најавија дека кокичињата ќе никнат во март. Тоа се однесува на моделите со три и пет врати како и кабриолетот. На типично воздржан, но сепак ветувачки, британски настап најавени се големи промени во можноста за персонализација, конективноста и безбедносната опрема. Две децении по лансирањето на модерниот Mini тој е стабилен во сегментот на мали премиум автомобили и важи за неоспорен моден детаљ на метросексуалците. Можеби цинично ќе звучи, но измените кои се направени на надворешниот дизајн се скоро незабележителни! Производителот наведува обновени стотина позиции кои, за да ги забележите, ќе ви треба стручна помош на кустос. Терминот на премиерата на оксфордското трио е во март кога ќе ги предводи електричниот Mini Cooper SE. За октанските зависници определена е атлетскиот спој на John Cooper Works механика за верзијата со три врати и кабриолетот.


