Mini Cooper SE – Пресоблечен во JCW костум

Со изведбата JCW Trim, електричниот Cooper SE изгледа значително набилдано, но силата и автономијата му остана исти

Козметичките трансформации станаа популарна категорија во светот на четирите тркала. Секоја премиум марка има своја „модна линија“ инспирирана од моќните спортски изведби.

На ова правило се придружува електричниот Cooper SE кој доби Џон Купер изглед. Да, само изглед. Промените направени со пакетот John Cooper Works Trim започнуваат со ново врамување на предната решетка и лого во црна боја со висок сјај. Отворот има и индивидуални светлосни знаци во LED фаровите, вклучувајќи две едноставни хоризонтални ленти.

Како што прилега на ситуацијата Mini доби нови, специјални за приликата, биколорни „штикли“ од 18 инчи со 10 краци и црвени клешти на сопирачките. Автомобилот, исто така, располага со покрив и ретровизори обоени во чили црвена боја.

Понатаму списокот продолжува во внатрешноста. Тука се вклучени поспортски седишта со синтетичка кожа и црвени шевови. Контролната табла и панелите на вратите исто така имаат уникатна црно-црвена тема, а големиот централен инфозабавен екран е ажуриран за да вклучи Go-Kart режим кој го менува внатрешното осветлување во црвено и го оптимизира одговорот на гасот на Cooper SE.

Марката смета дека механиката е сосема ОК, па не се направени никакви надградби. Како резултат на тоа, Cooper SE John Cooper Works Trim сè уште е придвижуван од електричен мотор со 215 КС и 330 Nm вртежен момент. Овој мотор го добива својот сок од батериски пакет од 54,2 kWh што му овозможува на автомобилот автономија до 402 км во WLTP циклус.

Од мирување ја фаќа стотката за респектабилни 6,7 секунди и може да се полни од 10 до 80% за 30 минути. Цената уште не е позната, а моделот треба да се појави на пазарот во првиот квартал на 2025 година. Арно ама, вистинско време е да се застане во редот за чекање.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER