Втората генерација на електричниот Mini Cooper ќе има зголемена сила и автономија
Идната година во Mini ќе биде во знакот на електричните модели. Според планот, во февруари треба да се лансира Mini Countryman EV а во мај Cooper EV. Познато е дека идниот Cooper EV ќе има потполно нова платформа изработена од Spotlight Automotive која е заедничко вложување на BMW и кинескиот Great Wall Motors. Веќе се во оптек информации од британските колеги дека електро моторот ќе произведува 135 kW во почетната верзија и 160 kW во изведбата ЅЕ. Би требало да има две батерии со капацитет од 32,6 kWh и 54 kWh кои ќе дозволат поминување до 400 километри. Иако е договорено производството да се одвива во фабриката Џјангсу во Кина, се уште постои можност тоа да се задржи во Оксфорд на истата лента со моделите со мотор со согорување.
Главната извршна директорка на Mini Штефани Вурст ниту ја потврдува ниту демантира оваа можност, но изјави дека идниот Cooper EV ќе биде ценовно позициониран над 34.000 евра. Тоа укажува дека електричниот Countryman кој ќе се произведува во фабриката во Лајпциг ќе ја надмине границата од 40.000 евра.


