MINI Cooper Convertible – Заокружување на гамата

Новиот кабриолет совршено ја отелотворува отвореноста на марката.

Летото веќе не напушти, но тоа не пречеше MINI да ја лансира кабриолет верзијата на моделот Cooper.

Под мотото Новата „Секогаш отворено“ лансирана е новата генерација кабриолети од Оксфорд и изобилува со уникатни карактеристики. Мекиот покрив се отвора целосно автоматски за само 18 секунди, овозможувајќи му на патниците постојано да ужива во ветрето и сонце.

Без разлика дали во град, на локални патишта или на автопат, MINI Convertible нуди посебно чувство и искуство во возењето. Интересно е конципирањето на покривот. Покрај целосното спуштање, тој може делумно да се отвори за 18 секунди, но и да служи како сончев покрив што е уникатно остварување во сегментот на премиум мали автомобили.

Располага со три ефикасни бензински мотори со четири цилиндри со што се задржуваат препознатливите возни карактеристики проселдени со импресивен звук на моторот. Дизајнот го нагласува карактерот на новиот MINI Cooper Convertible со чисти површини и нагласени детали.

Кружни LED фарови и редизајнираната предна решетка го нагласуваат харизматичниот изглед на моделот со класични дизајнерски карактеристики во модерна интерпретација. Мекиот покрив може целосно да се повлече при б рзина до 30 км/ч. Значително зголемување на дигиталните технологии создава нови можности за персонализирање на ентериерот и ја поедноставува употребата на паметни телефони и апликации.

Почетниот модел е MINI Cooper C Convertible има моќност од 163 КС, 250 Nm и забрзува од 0 до 100 км/ч за 8,2 секунди. MINI Cooper S Convertible од истата зафатнина испорачува 204 КС а до стотка спринта за 6,9 секунди и достигнува 237 км/ч. На врвот на понудата е иконската John Cooper Works фокусирана на перформансите со своите 228 коњи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER