MINI – Збогум на мануелните менувачи

Привремена или дефинитивна одлука?

MINI од јули привремено престанува со производство на своите модели опремени со рачен менувач. Одлуката е поврзана со неколку фактори, вклучувајќи ја глобалната криза со чипови и војната во Украина. Според неименувани извори од британската марка, проблемите во синџирот на снабдување доведоа до застој во производството на мануелните менувачи. Сепак, не е јасно која компонента недостасува што го стопира MINI да произведува модели со рачни менувачи. Иако глобалниот недостиг на чипови остави многу возила без некои од нивните опции, дополнителна опрема, па дури и функции, ова ќе биде прв пат кога мануелниот менувач ќе биде отстранет од опсегот со ова објаснување. Автоматските менувачи во MINI веќе некое време се значително попопуларни од рачните што е доволен мотив MINI да престане да ги нуди во својата гама. Пред да се случи тоа, Британците би можеле да понудат ограничена серија со рачен менувач како финално издание. Во овој момент продавачот може да се обиде да нарача возило со рачен менувач, но нарачката може да биде одбиена од системот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER