Гуми без воздух кои не можат да издишат
Издишаниот пневматик е голема закана за безбедноста, но дури и ако тоа се случи на паркинг знае да створи многу нервози
Објавено на 7 јуни 2019 година
На акламативно задоволство на сите возачи, Michelin ќе стави крај на овој проблем. Решението во вид на тркала без воздух се развива повеќе години и сега е подготвено за тестирања. Тие ќе се извршат во соработка со General Motors, монтирани на флота возила од електричниот Chevrolet Bolt. Нивната комплицирана механичка конструкција која го заменува воздухот ги прави отпорни на сите оштетувања што се среќаваат кај денешните пневматици. Комфорот во возењето е задржан, а ќе имаат подолг век на траење заради неможноста да бидат продупчени. Тоа значи и помало загадување на околната со отпадни пневматици, како и помали трошоци за возачот. Во план е тркала без воздух да се најдат во редовната понуда на Michelin во 2024 година.
Видео