MG4 беше еден од првите кинески ЕВ што постигна меѓународен успех па компанијата напорно работеше на развивање на новата генерација
Наместо редизајн на својата „четорка“, MG одлучи да направи нова генерација на популарното ЕВ.
Поголемото меѓуоскино растојание кое сега изнесува 2.750 мм и, подолго е од претходното за 45 мм, овозможи каросеријата да нарасне во сите смерови. Сега MG4 со должина од 4,395 метри е за 108 мм подолг, незначително поширок и за 3,5 сантиметри повисок од сé уште актуелниот модел. Според неколкуте фотографии објавени од страна на производителот, дизајнерите на MG се потрудија да направат атрактивен изглед.
Новата маска, светла и хауба, како и трансформираниот заден дел со уникатен светлосен потпис во форма на стрела се инспирирани од Cyberster. Прва на пазарот ќе пристигне изведбата со единечен електричен мотор со 161 КС што е намалување за 7 КС во однос на претходникот, но доволнo за достигнување на максимални 160 км/ч.
Сепак голема работа е направена во однос на вкупната тежина која е намалена за 156 кг со вкупни 1,485 тона. Иако нема никакви податоци, најверојатно е дека новата генерација на MG4 ќе ги задржи батериите со капацитет од 51 и 64 киловат-часа. Најверојатно наскоро ќе биде претставена и верзијата XPower со два мотори и 435 КС.

