MG4 EV – Наскоро во Македонија

Големи амбиции од истокот

Кон крајот на идниот месец се очекува промоцијата на компактниот електричен модел на MG во Македонија

После одличниот европски старт, кинескиот MG е подготвен уште еднаш силно да удри со неговиот адут кој директно го напаѓа Volkswagen ID.3. Овој пат фокусот се пазарите каде поради цената ЕВ не се интересни за поширокиот круг купувачи.

Функционален и динамичен, компактниот хечбек ќе биде на располагање со две погонски единици со максимални 170 односно 204 коњски сили. За него е развиена нова модуларна платформа која дозволува вградување на два електромотора. Значајно за неа е што има идеална распределба на тежината што делумно е овозможено и од тенките батерии. Нив купувачите ќе може да ги бираат меѓу два пакети кои овозможуваат автономија од 350 или 450 километри.

Користењето на брз полнач за 35 минути ќе поврати 80 отсто од нивниот капацитет. Складно дизајниран, овој  интересен новитет ќе ги предизвикува погледите со своите остри линии, додека пространата внатрешност ќе им се допадне на оние кои бараат чисти површини и едноставен амбиент. Опременоста вклучува сеопфатен безбедносен пакет, а квалитетот на своите возила Кинезите го гарантираат 7 години или 150.000 километри. Најголема предност е цената кој ќе биде околу 35.000 евра во зависност од опременоста на моделот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER