MG – Marvel R Electric

Новитети

Можно ли е чудо?

Најавуваниот за летово прв електричен модел на MG ќе биде лансиран есенва.

објавено 24. јуни 2021

Кинезите покажуваат дека купувањето на пропаднатите марки  не е поради технологиите туку поради освојување на пазарот.

Таков е примерот со MG преку кого ќе се одвива следната инвазија на Европа со електрични возила. Теренецот што го носи името „Чудо“ долг е4,67 метри. На пазарот ќе биде достапен со три електромотори, постојан погон на сите тркала и максимална моќност од 288 КС. Поевтината верзија ќе има погон на задната оска со два електромотора и 180 коњи.

И во двете изведби има литиум-јонска батерија од 70 kWh способна за брзо полнење и ќе има функција возилото да може да полни надворешни уреди. Автономијата на Marvel R е најавена дека ќе биде околу 400 километри, со респектабилна крајна брзина од 200 км/ч. Врвната верзија на Marvel R треба да го апсолвира спринтот од мирување до стотка за помалку од пет секунди!

Нешто помалку импресивен е максималниот влечен капацитет од 750 килограми и волуменот на багажникот од 357 литри кој со соборување на задната клупа стига до скоро 1400 литри. Верзијата со погон на задните тркала нуди дополнителни 150 литри простор за складирање напред. Силен аргумент на електричниот MG се најавените цени кои се движат помеѓу 40 000 и 50 000 евра во зависност од верзијата.