MG 3 – Ќе биде поевтин од 20.000 евра

MG ја дефинираше цената за свежо претставениот MG3 и мора да кажеме дека таа е сензационална.

Марката која всушност е кинеска веќе добро се етаблираше на европскиот пазар користејќи ги до максимум предностите на двата света – европското потекло и кинеската цена, така што не треба да чуди што купувачите со прилично нетрпение ги очекуваат идните модели.

Најновиот пристигна пред кратко време и веднаш предизвика внимание – се чекаше само на цената за да се знае дали ќе направи потрес во конкурентната класа мали автомобили. Но сега веќе сé е јасно – MG3 во Велика Британија ќе стартува од 18.500 фунти, што значи дека кај нас може да биде и поевтин.

Овој хечбек со пет врати долг 4,1 метри има 1,5 литарски хибриден погон со вкупно 194 коњски сили. Малата батерија од 1,8 киловат-часа ќе го задвижи само на паркинг и при возење со исклучително ниски брзини, но затоа ја намалува просечната потрошувачка на 4,4 литри на 100 километри. Притоа перформансите се задржани и MG3 ќе може да постигне 100 километри на час за околу 8 секунди.

На хартија малку чудо звучи што има автоматски менувач со само три степени, но според производителот ова решение има одредени предности во однос на безстепената CVT трансмисија каква што најчесто се користи за ваков тип возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER