Цена, боли глава!
oбјавено на 5 февруари 2022 година
Претставен мината година на салонот на автомобилите во Минхен, Mercedes-AMG GT 63 S E Performance предизвика голем интерес. Како и не би, кога германските инженери во него вградија сé најдобро што во моментот имаат и тоа го зачинија со пригодната Green Hell Magno зелена нијанса која одлично го оцртува карактерот на овој автомобил. Има хибриден погон кој го комбинира 4,0 литарскиот твин-турбо V8 со електромотор на задната оска. Заедно тие испорачуваат 843 KS и стравични 1.400 Nm, кои ќе го лансираат до сто за неверојатни 2,9 секунди. Максималната брзина му е поставена на 316 km/h, а просечната потрошувачка, сакате верувајте сакате не, декларирана на 7,9 l/100 km. И тоа не е сé – малата батерија од 6,1 kWh му дава електрична автономија од 12 km. Во согласност со сето ова е и цената, која во Германија стартува од 196.897 евра.



