Малку порано отколку што очекувавме, Mercedes во фабриката Виториа во Шпанија стартуваше со предсериско производство на моноволуменскиот VLE
Како модел кој најавува сосема нова линија базирани на новоразвиената модуларна VAN.EA електрична платформа, VLE има поголемо значење отколку што тоа на прв поглед изгледа. Таа е наменета не само за доставните и моноволуменските модели туку и за идните луксузни лимузини, што значи дека развојот и производството на VLE поставуваат нови темели за иднината на марката од кои директно ќе зависи стабилноста на нејзиниот профит.
За подготовките за редовното производство на VLE кое ќе започне идната година фабриката Виториа во Баскија темелно е модернизирана. За петте илјади вработени се организирани 160 различни програми за обука за новите процеси и процедури. Во оваа предсериска фаза детално ќе бидат испитани сите технички аспекти за да се обезбеди високиот квалитет кој купувачите на марката со трикрака ѕвезда го очекуваат. После VLE во производство во оваа фабрика ќе бидат воведени и V-класата, Vito и eVito. Во понатамошна иднина пак овој модел и сличните на него ќе добијат верзии и со мотори за внатрешно согорување поставени на сестринската VAN.CA платформа.



