Mercedes EQXX – Предизвикот остварен

Падна магичната илјадарка!

Mercedes докажа дека автономијата од илјада километри на концептот Vision EQXX со едно полнење на батериите не е само ветување.

Инженерите на марката од Штутгарт со него отпатуваа до Азурниот брег. Возењето започна од развојниот центар на Mercedes па преку швајцарските Алпи и северна Италија траеше вкупно 12 часа и 2 минути, со само половина час потрошени на паузи. Вкупно беа поминати 1.008 километри, после кои електричниот EQXX имаше преостанато уште 15 отсто наполнетост на батериите доволни за 140 километри. Временските услови на патувањето беа различни, со температури од 3 до 18 степени. Се возеше по секакви патишта. Германски автопат со максимална брзина од 140 километри на час, планински патишта со долги нагорници и сообраќајно оптоварени делници во близината на големите градови. Просечната брзина беше 87,4 километри на час, а приклучокот за полнење остана запечатен за стручњаците на TÜV да можат да потврдат дека постигната просечна потрошувачка на енергија изнесува само 8,7 киловат-часа на сто километри. За оваа неверојатно ниска бројка се заслужни повеќе фактори – аеродинамиката со коефициент на отпор од само 0,17, мерките за заштеда на тежината, батериите и самиот погонски склоп. EQXX имаше и пневматици со мал отпор на тркалање, а соларниот покрив со 117 ќелии додава 25 километри автономија. Електричниот погон со 245 коњски сили е развиен со помош на Petronas формула 1 тимот, а литиум-јонските батерии работат на 900 волти. Имаат капацитет од 100 киловат-часа што е слично како кај серискиот EQS, но се со 50 отсто помал волумен и 30 отсто помала тежина. Овој концепт покажан пред некој месец на саемот на потрошувачка електроника CES во Лас Вегас е наменет да ги демонстрира технологиите кои ќе се вградуваат во идните сериски модели, пред сé во компактните и средно-големите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER