Mercedes EQB – Премиера

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Фамилијарна доза на струја

Пристигна петтиот електричен модел на Mercedes

Компактните семејни транспортери беа еден од најпопуларните модели пред извесно време. Mercedes сега покажува како може да се комбинираат два сегменти со EQB, кој маскиран како спортско-корисно возило ги презема класичните карактеристики на компактно семејно комбе.

За првенецот инженерите донираа седум седишта на должина нешто помала од 4,7 метри. Благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,83 метри усвоено од GLB, внатрешниот простор е простран, иако тоа е значително оптимизирано во третиот ред на седишта. Како и другите електрични модели од Штутгарт, EQB има типична маска на ладилникот  со централно поставена ѕвезда и лента од светла напред и назад за да се издвојува од верзиите со термички мотори. Дизајнот е намерно аголен со цел да ги преземе очигледно неизбежните „теренски“ елементи.

Возачот гледа во уредна колекција на инструменти и ,опционално, head-up дисплејот го пренесува приказот на ветробранското стакло. Навигацијата со брзо реагирање, која е стандардна во сите варијанти, работи на централно поставениот екран. Големо внимание е посветено на ергономијата изразена преку седиштата со фина странична потпора, квалитетни материјали, а контролите се сместену таму каде што би се очекувало да бидат.

Урамнотеженото потпирање по конструкција MacPherson напред и мулти линк назад се дотерани за пријатното возачко искуство. Со доплата, Mercedes испорачува и подвозје со приспособлива амортизација, во кое однесувањето на амортизерите може да се дефинира за секој поединечно. EQB првично ќе излезе на пазарот со 4-Matic погон на сите тркала и две варијанти со моќност 168 kW (224 КС) или 215 kW (292КС). Подоцна ќе следат верзии со погон на предните тркала и зголемен опсег.

Со цел да се генерира оптимална распределба на моќноста, електрониката ги регулира соодветните барања за возење 100 пати во секунда. Mercedes ветува автономија од 419 километри (според WLTP), а оваа вредност е доста остварлива и со соодветниот стил на возење, доколку се вози претежно во „Eco“ поставката. Поради еколошката ориентација крајната брзина е ограничен на максимални 130 km/h. Батеријата од 66,5 kWh, скриена во подот на возилото, може да се полни со наизменична струја преку вградениот полнач до единаесет kW кому му се потребни околу пет часа за потполно полнење на капацитетите.

Помалку време треба на станиците за брзо полнење, каде што на EQB му се доволни 32 минути за да ја наполни батеријата до 80 проценти. За да не губи време возилото барајќи станица, Mercedes разви навигациски систем со „Electric Intelligence“ функција. Покрај најбрзата рута до дестинацијата, ги пресметува и запирањата за полнење и ја прилагодува својата пресметка на моменталните услови на возење. Во исто време, интелигентната навигација ја доведува батеријата до оптимална функција за полнење пред планираното запирање. Нема потреба за објаснување на електронските асистенти кои се на голем број веќе во стандардната изведба. Mercedes има големи очекувања од EQB. Не само поради својата електрична иднина. Повеќе е поради истражувањето на потребите на купувачите со цел достигнување на нивна врвна сатисфакција на престој во возилото. За разлика од GLB кој се произведува во Мексико, глобалната верзија на EQB ќе доаѓа од Унгарија. Нема податоци за ценовното позиционирање но се очекува да биде над 50.000 евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER