Mercedes CLA :: Ем убав, ем паметен

Ем убав, ем паметен

Втората генерација на Mercedes CLA е поголема, поубава и попаметна
Објавено на 10 јануари 2019 година

Mercedes-Benz за годинава најави дури девет новитети. Прв меѓу нив е новата генерација на купето со четири врати CLA, која просто зрачи со својата атрактивност. Но она што со навистина ќе ги одушевува купувачите е неговата интелигенција. Новитетот кој се очекува на пазарот во јуни е исполнет со низа паметни решенија. Во префинето обликуваната кабина на возачот на располагање му е иновативниот MBUX систем кој препознава гестикулации и гласовни команди. Во однос на оној во А класата дополнително е унапреден и има повисоко ниво на автомобилска интелигенција. Уникатно е решението со кое паметниот часовник ги следи отчукувањата на срцето на возачот и според тоа го менува амбиенталното осветлување. За порелаксирани патувања ќе се грижат најновите системи за помош во возењето преземени од поскапите модели на марката.

Каросеријата сега долга 4,7 метри има совршени пропорции и потполно рамен под, со што е постигнат коефициент на аеродинамичност од 0,23. Нејзината агресивност малку е потсмирена, а елеганцијата дополнета со спортски стилски детали. Меѓу нив највоочливи се извлечените лакови над тркалата и мускулестите бокови. Ниско спуштената маска е во визуелна складност со комплексните светла, а задниот дел е во типичниот GT стил. Сé на сé, кога се гледа CLA предизвикува емоции и има потенцијал да стане нова дизајнерска икона на автомобилската мода. Кабината е малку поместена наназад, а елементите во неа распоредени во согласност со младешката авангарда. Дизајнерски обработена до перфектност, таа се карактеризира со единствена архитектура во која сé што е вишок е исфрлено. За жал, слична судбина ќе снајде и дел од агрегатите – засега е потврден само 4-цилиндричниот бензински мотор со 225 коњски сили. Од Mercedes ветуваат дека пред почетокот на продажбата палета ќе биде дополнета. Бидејќи е поставен на новата платформа од А-класата можеме да го очекуваме новиот 1,3 литарски бензинец во повеќе варијанти. Ќе биде на располагање со мануелни и автоматизирани менувачи и со погон на сите тркала. Нема да бидат изоставени ниту AMG изведбите, а сериозно извесни се и хибридна и електрична погонска група.

Како и досега, Mercedes CLA ќе се произведува во Унгарија. Од првата генерација на овој модел која беше претставена во 2013 година, се продадени одлични 750 илјади примероци.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER