Mercedes-Benz – EQ vs EQ

За да документира колку е напредната безбедноста на електричните возила, Mercedes направи краш-тест на два свои EQ модела.

Германскиот премиум производител не е прв што има спроведено вакво тестирање, но е прв што јавно ги сподели податоците од тоа. Имено, еден од омилените аргументи на противниците на електричните возила е токму нивната безбедност при судар, за што рака на срце делумно и се во право. Разликите во конструкцијата меѓу класичните и електричните автомобили не дозволуваат работите да се генерализираат и безбедносните решенија едноставно да се пренесат, туку кон ова прашање мора поинаку да се пристапи. Најголем проблем секако се батериите и тоа од повеќе аспекти – нивната тежина, сместувањето во возилото, опасноста од пожар и друго. Проблем е и електромоторот кој е помал од класичниот агрегат и често сместен пониско или пак назад, со што во предниот дел на возилото се ослободува поголем простор во кој нема масивни механички делови кои ќе апсорбираат дел од енергијата при судар.

Ова секако го знаат во Mercedes, а дека домашната работа добро си ја завршиле покажуваат анализите од краш тестот на EQA и EQS. Интересен факт е дека јавноста во живо преку интернет можеше да следи што се случува при директен судар на овие два модела. Степенот на преклопување беше 50 отсто, а брзината на секое по 56 километри на час. Тоа е доста построго од пропишаните спецификации кои предвидуваат судар на возило со стационарна алуминиумска препрека тешка 1,4 тони која го симулира другото возило. Сепак ако се погледнат остатоците од возилата ќе се забележи дека деформираноста на нивните кабини не е стравично голема, заради што заклучокот на германските експерти е дека четирите кукли-патници во нив поминале без опасни или фатални повреди.

Она што не се гледа е дека електромоторите и батериите не се оштетени, ниту пак имаат навлезено во просторот на кабината. Исто така се нагласува и дека сите безбедносни системи на високонапонската инсталација ја завршиле својата работа беспрекорно, односно дека струјата целосно е прекината во моментот кога сензорите детектирале дека сударот е неизбежен.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER