Mercedes-AMG PureSpeed

Тестирањата во завршна фаза

Првиот модел од новата ултралимитирана серија Mythos е на пат кон својата премиера – тестирањата кои се во завршна фаза ги однесоа прототипите на AMG PureSpeed како што ќе се нарекува во Италија, каде на патеката Нардо ќе бидат спроведени брзинските тестови. Базиран на Mercedes SL и како концепт виден во Монако во мај, овој суперавтомобил со радикален дизајн ќе располага со низа револуционерни решенија. Без покрив и ветробранско стакло, двајцата патници од ветрот ќе ги аеродинамиката а за нивната безбедност ќе се грижи HALO системот изведен од формула 1. Закривената шипка над главите на патниците ја отсликува трикраката ѕвезда, а во пакет доаѓаат и две аеродинамички оптимизирани кациги.

Производството е ограничено на серија од 250 примероци, резервирани за ентузијастите и колекционерите. Проектен партнер на Mercedes за овој автомобил е Pininfarina.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER