Mercedes-AMG PureSpeed

(фото-галерија)

Првороденче од ексклузивниот Mythos асортиман на Mercedes

Долги две години чекавме, ќе почекаме уште кратко време – Mercedes конечно го подготви своето првороденче од ексклузивниот Mythos асортиман кое премиерата ќе ја има за време  на големата награда на Монако во формула 1.  Возилото веќе е таму, од каде пристигнаа и некои од фотографиите, но без никакви детали за него. Оние за кои е наменето, најмногу до 250 купувачи, сигурно знаат сé за него бидејќи според неофицијалните информации ќе треба да платат барем половина милион евра, долари, фунти или франци, сеедно, нема некоја голема разлика. Но нам обичните смртници нѝ остануваат фактите дека ќе се вика PureSpeed и дека е направено на основа на сегашната генерација на AMG SL од R232 серијата.

Тоа автоматски значи дека ќе има некој од топ-погонските групи, веројатно најмоќната хибридна од SL 63 SE Performance со 816 KS. Изгледот е уникатен со влијание на Mercedes-AMG One, но се забележува дека светлата и поголем дел од лимаријата или се исти или едвај малку променети. Она што не е исто е што PureSpeed нема ниту покрив, ниту стакла. Задните седишта се исфрлени, а јагленородните аеродинамички елементи го засилуваат благородниот изглед на каросеријата чија внатрешност останува блага мистерија.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER