Изработен од одделението „Motorsport Collectors Edition“ ова лимитирано издание ќе се произведе во 200 примероци.
Не е интервенирано во механиката и моторот бидејќи кај GT 63 Pro 4Matic+ и нема што понатаму да се прави. Затоа пак направени се бројни интервенции во изгледот, целосно дизајниран во стилот на Големата награда на Формула 1 во Сингапур.
Зафатите се во знакот на тимот на Mercedes AMG Petronas F1 и на него се опфатени бројни индивидуални дизајнерски елементи и детали во опремата. Дури и основната боја „Обсадна црна металик“ е инспирирана од актуелниот Формула 1 тркачки автомобил.
Истото важи и за рачно насликана шема на сребрени ѕвезди на задните крила на возилото и нежните украсни ленти во боја на Петронас. Тие се протегаат од предните браници преку линијата на рамената до покривот. Бојата Petronas создава светли контрасти на темната основна боја. 21 инчните AMG тркала во дизајн со вкрстени краци, обоени во мат црна боја, се нагласени со прагови во боја на Petronas.
Истото важи и за клештите на сопирачките, кои се особено привлечни. Цената не е важна бидејќи таа е предмет на договор.